Утрински Весник
Свет

Путин нема да присуствува на погребот на Шинзо Абе

Рускиот претседател Владимир Путин не планира да присуствува на државниот погреб на поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе, објави Кремљ.

dobivaj vesti na viber

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека Путин не планира да ја посети Јапонија и да присуствува на погребот.

Песков додаде дека нивото на присуство на Русија на погребот ќе се утврди малку подоцна.

„ Нивото ќе се утврди подоцна. Путин не оди“ – рече Песков.

Јапонската влада ги информирала сите земји со кои има дипломатски односи, вклучително и Русија, за државниот погреб на поранешниот премиер Шинзо Абе закажан за 27 септември, соопштено е претходно денеска во Токио, пренесе „Ројтерс“.

Абе им подлегна на повредите откако беше застрелан на предизборен митинг претходно овој месец.

Можете да прочитате

Унгарски министер со години споделувал доверливи информации од ЕУ со Русија

Дали Јапонија ќе испрати воени бродови во Персискиот залив?

Либанскиот претседател ги осуди нападите врз земјата, стравува од инвазија