Утрински Весник
Свет

Пожари на Халкидик: пожарникарите работат на три локации

На подрачјето на Халкидик пожарникарите гаснат пожари на три локации.

dobivaj vesti na viber

Пожарот избувнал околу 8 часот во областа Карвунас, во Неос Мармарас, на Ситонија.

Според грчките медиуми, на местото пристигнале шест противпожарни возила, а во моментот пожарот не им се заканува на зградите.

Пожар избувнал по 9 часот и во шумскиот предел во регионот Фурка на првиот прстен. Таму со пожарот се борат над 20 пожарникари. Во моментот нема опасност за куќите, но пожарот опасно се доближува до зградите.

Грчките медиуми јавуваат дека речиси истовремено избувнал пожар во руралниот дел на областа Заипи на Касандра. Во моментот на терен се 15-ина пожарникари, пренесе „Телеграф.рс“.

Можете да прочитате

Проектил погодил брод во близина на Катар

Путин праќа морнарица да ги придружува руските танкери за нафта во Средоземното море

Оман до САД: Изгубивте контрола, запрете ја војната