Утрински Весник
Спорт

Конте побарал да му го донесат Шкринјар во Тотенхем

Тотенхем, во новата сезона ќе игра во Лигата на шампионите, а во Премиер лигата ќе се обиде да се вмеша во борбата за шампионската титула.

dobivaj vesti na viber

Менаџерот Антонио Конте, од почетокот на преодниот рок, успеа да донесе неколку квалитетни засилувања.

Најскапата аквизиција досега е Ришарлисон, кој пристигна од Евертон за 58 милиони евра.

Покрај него, во Тотенхем пристигнаа Ив Бисума од Брајтон за 30 милиони евра, а од Интер како слободен играч Иван Перишиќ и од Барселона како позајмен играч Клемент Ленглет. Последното купување е Дед Спенс од Мидлсброу.

Планот на Конте е да донесе уште еден централен дефанзивец. Италијанскиот тренер побарал клубот да влезе во преговори со Интер, за Словакот, Милан Шкринјар. Конте одлично ги знае квалитетите на Словакот, тој беше лидер во одбраната на Интер, во походот на шампионската титула во сезоната 2020/2021.

Не е познато за која сума Интер би го пуштил својот стопер, но се шпекулира за сума од околу 60 милиони евра.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина