Утрински Весник
Македонија

Две лица лишени од слобода во полициска акција во Прилеп

Во текот на изминатата вечер од страна на патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, Единицата за брзо распоредување, Посебната единица за поддршка, Единицата за интервентна полиција и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп беа спроведени контроли на лица, патнички возила и угостителски објекти на подрачјето на Прилеп, информира МВР.

dobivaj vesti na viber

При контролите, од слобода биле лишени Ј.Г.(25) и В.Ј.(41), двајцата од Прилеп, затоа што кај Ј.Г. била пронајдена марихуана, а В.Ј. неовластено ги снимал полициските службеници.

За случаите бил известен Јавен обвинител, а лицата биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

За време на контролите во угостителски објекти, реализирани во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Управата за јавни приходи било утврдено дека вработени во еден објект немаат потребна документација, не биле издавани фискални сметки, не бил пријавен промет и немало документација за локалот. Констатираните неправилности ќе бидат соодветно санкционирани, најавија надлежните.

Можете да прочитате

Дрифт шоу во Тетово, без полициски надзор и со многу бучава

ВМРО: СДС продолжуваат со измислени бројки, да не беше ВМРО-ДПМНЕ патот Кичево-Охрид ќе беше уште незапочнат

Границите во колапс, по еден час се чека на Табановце и на Богородица