Утрински Весник
Македонија

Точен алкохол на малолетници во угостителски објекти во Битола

Синоќа во периодот од 22.30-00.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Битола и Одделението за криминалистички работи на подрачје на Битола во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат спровеле акциска контрола во два угостителски објекти во Битола.

dobivaj vesti na viber

Притоа, било констатирано дека во двата објекти малолетници биле послужувани со алкохол за што ќе биде поднесена пријава по член 204 од Кривичниот законик, соопшти полицијата.

Во едниот објект била констатирана зголемена бучава и поднесено е барање за поведување на прекршочна постапка по член 8 од Законот за прекршоци против јавен ред и мир.

Исто така, во објектите биле констатирани и неправилности од Државниот пазарен инспекторат.

Можете да прочитате

Нов пожар кај Смилковско Езеро – прекинат сообраќајот

Јавноста шокирана: Дете врзано со јажиња – МВР преземаат мерки

Владата задоцни, народот сам гаси, Димитриевиќ од Дојран со жестока критика