Утрински Весник
Македонија

Алијанса за Албанците за Мијалков: Само во Македонија можете да крадете, да станете милионер и да бидете помилувани

Алијанса за Албанците ја повикува ДУИ да го прекине, како што велат од оваа партија наградувањето за нивниот шеф Сашо Мијалков.

dobivaj vesti na viber

Оценуваат дека последователните олеснувања и услуги за Мијалков неодамна кулминираа со тригодишен одмор во струшкиот затвор.

„Само во Северна Македонија можете да крадете од граѓаните, да ја злоупотребувате моќта, да станете милионер и на крај да бидете помилувани, амнестирани и наградени со смешни казни и луксузно сместување“, потенцираат од Алијанса за Албанците.

Според нив, сето ова се случува, благодарение на, како што наведуваат, сегашниот хибриден режим, а особено на ДУИ кои ги слушнавме и во прислушуваните разговори кои ги контролираат судиите и обвинителите кои ги именуваа заедно со Мијалков и Јанкуловска, прецизираат од Алијанса за Албанците.

Можете да прочитате

Измените на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно

Претреси во демиркаписко, пронајдено ловечко оружје и месо од дивеч, приведени две лица

Силниот јужен ветер може да предизвика штети кај дуњите, јапонските јаболка и калинките