Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Ако има разлики во коалицијата да се решат надвор-Џафери со лидерите на владејачките партии во Собранието

Img 7972

На денешната 79.седница на Собранието свикана за во 11.00 часот, на списокот за присутни пратеници беа потпишани 85 пратеници, а во салата беа присутни 58 пратеници, информираа од собраниските служби.

dobivaj vesti na viber

Појаснуваат дека претседателот Џафери од пленарната сала ги повикал пратениците да влезат во сала, за да може пленумот да продолжи со работа, при што, поради немање кворум, морал да ја прекине седницата и ги повикал сите лидери на политичките партии од владејачкото мнозинство на средба во неговиот кабинет.

„На средбата, претседателот потсети дека сите пратеници во Собранието се еднакви и ги претставуваат граѓаните кои ги избрале и им дале мандат. Со ваквото однесување се покажува дека за одредени пратеници, приоритет е нешто друго а не практикување на мандатот кој што им е доверен од граѓаните. Претседателот посети дека тој е секогаш подготвен седниците да ги започне на време, доколку пратениците се присутни во сала. Тој исто така нагласи дека доколку има какви било разлики во одредени ставови внатре во коалицијата, истите треба да се решат на друго ниво, не во пленарната сала“, соопштија од Собранието.

Дополнително, претседателот нагласил и дека согласно Одлуката на претседателството, се наложува да се одложат и откажат сите службени и приватните патувања на пратениците кои не се неопходни во текот на месец јули со цел непречено работење на Собранието.

Можете да прочитате

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

Филипче од Виница: Македонија е претпоследна во Европа по минималната плата

Мицкоски: Едно од главните ветувања минатата кампања беше ДУИ во опозиција и ако продолжат вака нереформирани уште долго ќе останат таму