Утрински Весник
Македонија

Санација на ударни дупки низ цела Општина Центар

Општина Центар започнува со санација на оштетени улици односно на т.н „ударни дупки“ во сите населби на општината.

dobivaj vesti na viber

Во изминатиот период, службите на локалната самоуправа, евидентираа неколку точки на чии локации постојат видливи оштетувања на инфраструктурата кои во следниот период ќе бидат асфалтирани.

Поради поголема успешност на оваа акција, Општина Центар ги повикува и граѓаните со уредно наведување на точната локација и број на улицата, да пријават ударни дупки на територијата на Општина Центар. Граѓаните кои сакаат да пријават тоа можат да го направат јавувајќи се на телефонскиот број 076381673 или преку e-mail адресата: [email protected]

Општина Центар оваа акција ја презема со цел да се овозможи безбедно движење на граѓаните, велосипедите и моторните возила.

Можете да прочитате

Левица со амандмани против козметичките „реформи” на ДПМНЕ во Кривичниот законик 

Клековски: Во март следува уште едно зголемување на платите во јавното здравство, кое ќе биде процентуално

Приведен маж од скопско Идризово, со закани барал пари од поранешниот партнер на неговата ќерка