Утрински Весник
Свет

(Видео) Рама: Албанскиот народ никогаш не се откажа од европскиот сон

Албанскиот премиер Еди Рама кажа дека Албанија е свесна дека ова не е почеток на крајот, туку крај на почетокот. Според него, ова е потребно за да се гради силна, демократска Албанија и отворен Западен Балкан.

dobivaj vesti na viber

„ Таа знаеше да се бори за сите земји членки и за нас, кои се стремиме да бидеме членки. Сакам да се заблагодарам и на германската дама која не работи, а без која немаше да бидеме тука, Ангела Маркел. Немаше да бидеме тука и без напорите на француското претседателство, без Емануел. Тоа го просведочивме, видовме како се дојде до деблокирањето на една апсурдна ситуација. Голема благодарност и до албанскиот народ кој никогаш не се откажа, не се откажа од својот сон да чекори по тој европски пат и благодарејќи на кој останавме силни и покрај три мошне сложени години“, кажа Рама.

Тој рече дека и покрај трите сложени години во кои одбивањето од Советот, земјотресот, пандемијата, војната кои создадоа бура, тие останале силни.

Можете да прочитате

Украина изврши напад врз складиште за потрошено нуклеарно гориво

Иран во писмо до ОН ги нарече американските санкции „економски тероризам“

Уште еден нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина