Утрински Весник
Свет

Ердоган повторно се заканува дека ќе го блокира влезот на Шведска и Финска во НАТО

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган се закани дека повторно ќе го блокира приемот на Шведска и Финска во НАТО доколку не ги исполнат барањата на Анкара, пренесува АФП.

dobivaj vesti na viber

Ердоган изјави дека Турција ќе го замрзне процесот за влез на Шведска и Финска во НАТО, доколку тие две земји не го одржат ветувањето за антитерористички акции што го дадоа минатиот месец, додавајќи дека „Шведска досега не остава добар впечаток“.

Финска и Шведска поднесоа барање за членство во НАТО откако Русија ја нападна Украина, но Турција веднаш се спротивстави на идејата и ги обвини двете нордиски земји дека ги поддржуваат групите кои Турција ги смета за терористички.

 

Можете да прочитате

ИЕА договори ослободување на уште 100 милиони барели нафта и деривати од резервите

Австриската влада потроши 5,8 милиони евра за рекламирање во првата половина од годината

Над пет милиони луѓе во Италија живеат во апсолутна сиромаштија