Утрински Весник
Спорт

Јуве експресно ја најде замената за Де Лихт

Матијас Де Лихт го напушти Јувентус. Холанѓанецот кариерата ќе ја продолжи во Баерн Минхен. Челнците на Јувентус експресно реагираа на фудбалскиот пазар, најдоа играч кој ќе го замени Де Лихт.

Италијанските медиуми тврдат дека наскоро нов член на „старата дама“ ќе стане најдобриот играч на градскиот ривал Торино, Бразилецот Бремер. Според овие прашање на денот е кога трансферот ќе биде официјално потврден.

За Бремер, Јувентус ќе плати 40 милиони евра, фудбалерот ќе потпише три годишен договор, а по сезона ќе заработува 4,5 милиони евра.

Можете да прочитате

ФИФА отвори истрага против Аргентина

Нереди во Аргентина по финалето на СП, десетици уапсени

Шпанија е светски шампион – Аргентина падна во големото финале