Утрински Весник
Спорт

Мурињо ја покажа новата тетоважа

Dik 300x250 mk

Португалскиот тренер Жозе Мурињо направи уникатна тетоважа на своето рамо.
На својата официјална страница на Инстаграм тој ја покажа сликата и објасни зошто избрал цртеж со три различни европски трофеи.

dobivaj vesti na viber

Има истетовирано слики од трофеите од Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига, а на секоја од нив се боите на тимовите со кои беше успешен:
Порто, Интер, Манчестер Јунајтед и Рома.

„Радоста на Римјаните ме натера да го направам ова. Размислував за посебна тетоважа, која ќе им даде признание на сите клубови со кои ги освоив европските натпреварувања. Во исто време сакав уникатна тетоважа, онаа која само јас може да има“, рече Мурињо и продолжи:

„Еден пријател ми даде неколку предлози, а јас променив неколку детали и дојдовме до конечната одлука“.

Португалецот стана првиот тренер во историјата кој ги освоил Лигата на шампионите, Купот на УЕФА, Лига Европа и Конференциската лига.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jose Mourinho (@josemourinho)

Можете да прочитате

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен