Утрински Весник
Македонија

(Видео) Генчовска: Ви посакувам успех во преговорите, Бугарија најсилно ја поддржуваше интеграцијата на Северна Македонија

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Бугарија, Бујар Османи и Теодора Генчовска го потпишаа билатералниот протокол кој беше еден од клучните документи за отворањето на преговорите со Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

„ Вие сте сведоци на потпишувањето на вториот протокол помеѓу двете земји. Знаете дека Бугарија е државата која најсилно ја поддржуваше интеграцијатра Северна Македонија и Албанија во ЕУ. Оттука па натаму им посакуваме успех во преговорите. Се надевам дека ќе стигнат таму каде што граѓаните на Северна Македонија сакаат најмногу да стигнат – истакна Генчовска.

Османи рече дека конструктивните разговори на работните групи вродиле со плод и дека билатералниот протокол ќе покаже дека е сработено многу.

„ Задоволството е големо што денес сме со министрите Маричиќ, Бочварски, Бектеши да бидеме на втората меѓувладина седница. Имавме конструктивни разговори каде што разговаравме за петте области преку пет работни групи. Од овој протокол се гледа дека е сработено доста. Сите групи создадоа меморандуми, проекти. Соработката ќе биде поплодна заснована на меѓусебна доверба како сојузници во НАТО и наскоро се надевам и како сојузници во ЕУ. Не радува што после 17 години Македонија задутре ќе го почне преговорите“ – додаде Османи.

Потпишувањето на фамозниот протокол следуваше после тридневната дебата во македонското Собрание и гласањето на заклучоците по информацијата од Владата за францускиот предлог во кој беше и овој документ.

Овој документ Османи и Генчовска го криеја две недели колку што траеја и протестите во Скопје и останатите градови против прифаќањето на францускиот предлог и билатералниот протокол со кој на Бугарија и се дава можност на годишно ниво да не блокира во процесот на преговорите ако не и бидат исполнети некои од барањата како што се уставни измени за внесување на Бугарите во Уставот, ревизија на учебниците и говорото на омраза.

Орце Костов

Можете да прочитате

Бети Стаменковска кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Кисела Вода, во Кочани ќе го поддржат Влатко Грозданов

Македонец лежи затвор за учество во војната во Украина – РСЕ го посети во „Идризово“

Шукова: Мицкоски живее во паралелен свет каде горењето отпад не загадува