Утрински Весник
Македонија

Ахмети: Денеска победи соживотот, иднината и надежта

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети го поздрави денешното гласање во парламентот од страна на пратениците. Тој порача дека денеска победи Европска Македонија и прогресивните сили во земјата.

dobivaj vesti na viber

„ Денеска победи соживотот, иднината и надежта, напиша Ахмети на Фејсбук, откако пратениците ги усвоија заклучоците од Информацијата за Предлог-преговарачката рамка со Европската Унија.

Тој им честиташе на граѓаните и на државата.

„ Северна Македонија не е Украина, а Европа не е Русија за да оди на протести лидерот на опозицијата во зелена маичка како лут Зеленски од АлиЕкспрес. И како што беше очекувано, регресивните сили во служба на странските агенди потфрлија и граѓаните не ги поддржаа“ напиша Ахмети.

Можете да прочитате

Се огласи Фриком по пожарот: Ветуваме дека ќе ви го вратиме вкусот на летото многу брзо

ЦУК: Активни 9 пожари, изгаснати 16

Хеликоптерот на МВР фрли над 40 тони вода врз пожарот во Дојран