На денешната седница на Парламентот, на која се расправаше за францускиот предлот (Преговарачка рамка), претседателот на Демократскиот сојуз и пратеник, Павле Трајанов, не гласаше за заклучоците предложени од СДСМ и ДУИ, соопшти партијата.
Од говорницата порача да се гласа за заклучоците што тој ги предложи, со кои се задолжува Владата да се заложи во Преговарачката рамка да се вгради став за македондкиот јазик, да се изостават билатералните прашања и историските теми, како и Протоколот.
Потоа да има една меѓувладина конференција за почнување на преговорите со ЕУ, а вградувањето на Бугарите во Уставот да биде на реципрочна основа, односно Бугарија да ги признае правата на Македонците кои живеат во Бугарија.
Од Демократскиот сојуз велат дека цврсто стојат на определбата Македонија да стане полноправна членка на ЕУ, но согласно европските принципи и стандарди и Копенхагенски критериуми, кои целосно ги исполнува.