Американскиот претседател Џо Бајден го поздрави саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман со „тупаница на тупаница“, објави саудиската државна телевизија, за време на патувањето на Бајден во Саудиска Арабија, каде што медиумите внимателно го следат говорот на телото и реториката додека Вашингтон се обидува да ги обнови односите, пренесуваат медиумите во светот.
Белата куќа напорно работеше на средбата меѓу Бајден и принцот престолонаследник, кого Бајден го критикуваше за неговата улога во убиството на новинарот на Вашингтон пост и политички противник Џамал Кашоги, пишува во написите.
US President Joe Biden greeted Saudi Crown Prince Mohammed Bin Salman with a fist bump, after arriving in Saudi Arabia on Friday, despite a previous promise to treat the kingdom as a “pariah” over the 2018 killing of Saudi journalist Jamal Khashoggi. pic.twitter.com/2lwTwelfzn
— Al Jazeera English (@AJEnglish) July 15, 2022
Анализираат дека на крајот на средбата, поздравот „тупаница со тупаница“ пред кралската палата во Џеда веројатно ќе биде главната слика од посетата на американскиот претседател.
Белата куќа соопшти дека Бајден ќе се обиде да го намали директниот контакт како ракување за време на неговите посети на Израел и Саудиска Арабија оваа недела поради ризикот од Ковид-19. И покрај тоа, се додава дека Бајден бил виден како се ракува неколку пати за време на неговата блискоисточна турнеја.
Во Саудиска Арабија, Бајден се очекува да разговара за човековите права, едно од неколкуте прашања што ги затегнаа односите откако американските разузнавачки агенции заклучија дека престолонаследникот директно го одобрил убиството на колумнистот на Вашингтон пост Џамал Кашоги во 2018 година. Принцот престолонаследник негира вмешаност во убиството, јавуваат тамошните гласила.