Утрински Весник
Македонија

(Видео) Марковска: Во ЕУ влегуваме како Македонци со македонски јазик, ВМРО-ДПМНЕ е изгубено во историјата

Во ЕУ влегуваме како Македонци со чист македонски јазик, а вие сте изгубени во историјата, им се обрати пратеничката на СДСМ, Даниела Марковска на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница.

dobivaj vesti na viber

„За што протестирате вие од ВМРО-ДПМНЕ, изгубени во историјата? Вчера врховисти, завчера антички, а денеска наводно партизани“, рече Марковска.

„Во ЕУ влегуваме како Македонци со македонски јазик, а јас како пратеничка од Ѓорче Петров ќе се борам да го сочувам ликот и делото на Ѓорче Петров и тоа токму од вас, ќе се борам да го зачувам ликот и делото на нашите народоноослободителни херои кои вие ги нарекувавте злосторници“ порача пратеничката Марковска.

Можете да прочитате

Повик до сопствениците да ги отстранат кајчињата од јавните површини долж брегот на Охридското Езеро

АНБ и МВР со акција против група поврзана со меѓународна терористичка мрежа

Левица: Бившиот советник од ДПМНЕ, Синадиновски , на платен список на лотарија -45.000 € за чистење парк и гледање фудбал