Утрински Весник
Спорт

Арсенал го купува и Зинченко од Манчестер сити

Арсенал и Манчестер сити ја продолжуваат трансферната активност ова лето. По Габриел Жесус, на „Емирејтс“ ќе заврши и украинскиот интернацоиналец Олександр Зинченко.

dobivaj vesti na viber

Неговата преселба, како што најавуваат медиумите на Островот, треба да се случи до крајот на следната седмица.

Менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, веќе дал зелено светло за продажба на Украинецот, а Арсенал за него е подготвен да плати околу 35 милиони фунти.

Зинченко сака да замине во Арсенал во потрага по поголема минутажа со оглед дека минатата сезона одигра само 15 натпревари во Премиер лигата.

Можете да прочитате

УЕФА ќе го тужи Инфантино

Македонската делегација го обжали поразот на Рустемовски

Познати сите учесници во групната фаза на Лигата на шампионите