Утрински Весник
Магазин

Во подготовка биографскиот филм за Ејми Вајнхаус

На повидок е долгометражен филм за починатата британска пејачка Ејми Вајнхаус, а режисерката на „Педесет нијанси сиво“, Сем Тејлор-Џонсон, е на чело на тимот, објави „Студиоканал“, компанија за продукција и дистрибуција.

dobivaj vesti na viber

Со наслов Back to Black („Враќање во црно“), филмот ќе ги разгледа животот и музиката на шесткратната добитничка на „Греми“, која почина од труење со алкохол во својот дом во северен Лондон на 23 јули 2011 година на 27-годишна возраст. Вајнхаус се бореше со проблеми со алкохолот и дрогата во текот на својата кариера.

Филмот ќе го следи нејзиниот живот како талентирана џез-пејачка во северен Лондон до нејзиното издигнување како глобална суперѕвезда со вториот албум Back to Black (2006).

„Студиоканал“ се подготвува да го направи Back to Black. Проектот напредува. Тејлор-Џонсон, кој ќе го режира долгометражниот филм за животот и музиката на Ејми Вајнхаус“, соопшти продукциската компанија додавајќи дека е напишано сценарио за филмот.

Можете да прочитате

ГЛОБАЛЕН ИСЧЕКОР ЗА МАКЕДОНСКАТА МУЗИКА: Раперот Кацар со своја песна во финалната епизода од холивудската серија „M.I.A.“

Кинопремиери на српскиот документарец „Југото оди во Америка“

Во Кина изграден лифт на отворено, висок 288 метри, што ќе им помогне на децата побрзо да стигнат на училиште