Утрински Весник
Спорт

Балотели пред трансфер во Швајцарија

Контроверзниот италијански напаѓач Марио Балотели најверојатно ќе ја напушти Турција и кариерата ќе ја продолжи во Швајцарија. Тој постигна 19 гола за Адана минатата сезoна, но сака да се врати во Западна Европа.

dobivaj vesti na viber

Доколку ги реализира своите намери, Швајцарија ќе биде петтата земја, по Италија, Англија, Франција и Турција, каде би играл популарниот Супер Марио.

Балотели е цел на швајцарскиот Сион, а претседателот на клубот Кристијан Константин го „брка“ неговиот потпис уште од 2016 година. Тогаш исто така имаше најави дека напаѓачот ќе потпише за Сион, но трансферот не се реализираше.

Марио Балотели сака да биде поблиску до Италија, но и до окото на селекторот Роберто Манчини. На клупата на Сион е неговиот сонародник, Паоло Трамецани, поранешен играч на Интер и на Тотенхем, а интересно е што во тимот сега нема ниту еден Италијанец.

Можете да прочитате

УЕФА и Британските федерации ја отфрлаат реформата на правилото за офсајд

Поповски нов ракометар на Вардар 1961

Лазаров: Сакаме да одиме во втората рунда