По посетата на американскиот претседател Џозеф Бајден на Израел, каде што беше потпишана декларација за блокирање на иранското нуклеарно оружје, сега нивните функционери жестоко реагираа.
Иранските власти ги испратија своите први реакции по потпишувањето на т.н Ерусалимска декларација меѓу САД и Израел. Се наведува дека на Иран ќе му се ускрати набавката на нуклеарно оружје.
Први се огласија претставниците на Министерството за надворешни работи на Иран кои нагласија дека главната цел на Вашингтон е одржување на лажна безбедносна состојба во Израел.
„Се додека лажната држава Израел е првата станица во посетите на американскиот претседател на регионот, како и одржувањето на нивната безбедност и супериорност, земјите од Блискиот Исток нема да постигнат мир и стабилност“ – изјави претставник на иранското Министерство за надворешни работи, Насер Канани.
Многу поостар одговор на Декларацијата од Ерусалим дојде од иранскиот претседател Ебрахим Раиси, кој рече дека Иран е посилен од кога било досега и ги предупреди САД внимателно да ги планираат своите следни чекори.
„Иранската нација нема да прифати каква било несигурност и криза во регионот, а муслиманските народи се исто така згрозени од понижувачките односи на нивните влади со Соединетите Американски Држави, што доведе до грабеж на националното богатство на нивните земји“ – рече Раиси.
Во контекст на зајакнувањето на Израел, Раиси објасни дека владата на оваа земја не смее да има алчен однос кон Блискиот Исток и Азија.
„Исламската Република Иран затоа смета дека интервенцијата на ционистичкиот режим во регионот нема друга намера освен да создаде криза. Работата на тој режим е секогаш транзит на несигурност и тероризам во целиот регион“ – објасни тој.
На крајот, тој се осврна на акциите на Западот кон Иран.
„Иран ги смета Американците послаби од кога било досега, а како што тврдат западните, нивната политика на максимални санкции, притисок и закани против Иран не успеа. Затоа, тие не смеат да се обидуваат да ја повторат својата претходна неуспешна политика“ – заклучи Ебрахим Раиси.