Утрински Весник
Македонија

(Видео): Труби и свирчиња во Собрание додека Ковачевски се обраќаше до пратениците

Обраќањето на премиерот Димитар Ковачевски во Собранието не се слуша, оти ечат труби и свирчиња при вториот денешен обид да почне седницата за францускиот предлог.

dobivaj vesti na viber

И покрај вревата, премиерот Ковачевски не се откажува и зборува на говорницата, а не се откажува ниту опозицијата.

Пратениците без прекин свират и трубат, го попречуваат говорот на премиерот.

Од јачината на звукот едвај се слуша што говори Ковачевски, но тој не го прекина говорот продолжи да зборува и покрај силните свирежи.

Додека Ковачевски се обидуваше да го заврши говорот, дел од пратениците од власта се држеа за глава, ги затвора ушите.

Пратениците од опозицијата, пак, држеа транспаренти во рацете и го критикуваа францускиот предлог.

Можете да прочитате

Скопјанка се обидела да избега од Црна Гора откако усмртила куче, уапсена на граница

Претседателот на опозициската турска партија му честиташе на Зејнула за министерската функција

Мистериозна бела пена во Вардар – се испитува дали станува збор за опасна материја