Утрински Весник
Македонија

Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ го искина францускиот предлог, го повика мнозинството да се предомисли

Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ уште на почетокот од седницата каде треба да се расправа за францускиот предлог, го искина документот. Според неа, македонскиот народ не дал и нема да даде легитимитет на овој предлог. Таа побара пауза за да владејачкото мнозинство има можност да се предомисли и да го врати францускиот предлог кај Владата.

dobivaj vesti na viber

„Ниту еден документ нема да има легитимитет и важност дека не го добие најбитниот потпис и печат а тоа е потписот и печатот на македонскиот народ. Зборувајте колку сакате дека сте со ЕУ вредности, јас ќе ви кажам дека овој документ не е тој закон ќе расправаме. Ќе ви ги пара овој звук на кинење, ушите кои ги немате. Поради тие причини ќе се повикам на пауза, која можеби ќе ве предомисли, за овој документ да го вратите во Владата, а не Владата да ви го подметнува, а вие да давате изим на вакво предавство“, кажа Стојаноска.

Собранискиот спикер, Талат Џафери посочи дека ова е најдемократски што може да се направи.

„Ќе добиете саат време пауза, се надевам не сте се умориле“, додаде Џафери.

Можете да прочитате

Влада: Оддаваме почит на сите невини жртви од геноцидот во Сребреница 

Нормализиран сообраќајот за камиони кон „Блаце”, на „Табановце“ се чека околу 30 минути

Повторно одложено судското рочиште за случајот Веапоска на кое требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето