Утрински Весник
Македонија

Отпочната е постапка за екстрадиција на хрватскиот државјанин Даниел Иванагиќ

Министерството за правда соопшти дека е отпочната постапка за екстрадиција на хрватскиот државјанин Даниел Иванагиќ од Словенија.

dobivaj vesti na viber

„ Добиено е известување од ИНТЕРПОЛ Скопје дека Иванагиќ е лишен од слобода во Словенија врз основа на распишана меѓународна потерница од надлежните правосудни институции. Барањето за екстрадиција е доставено до Министерството за правда на Словенија согласно роковите утврдени со Законот за меѓународна соработка во кривична материја и Европската конвенција за екстрадиција, поради основано соменние за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување“ наведуваат од министерството.

Иванагиќ бил управител на консултантското друштво „Интерхолдинг“ од кое според Обвинителството, Зеќири нарачал физибилити-студија. Според информациите, тој бил задржан на граничен премин, кога се обидел од Хрватска да влезе во Словенија.

За Иванагиќ беше распишана меѓународна потерница, што и натаму е активна за Денис Фудуриќ, основач на фирмата каде Обвинителството тврди дека Зеќири исплатил пари, без да ја избере на тендер.

Можете да прочитате

Со „ролс-ројс“ возел 194 км/ч на ограничување од 80 – уапсен гостиварец

Дванаесетчасовна акција во штипско: Запленети дрва, одземени „форд“ и „мицубиши“

Дронови го исцртаа ликот на Делчев на небото за 23 Октомври