Утрински Весник
Македонија

Жичарницата и трите автобуски линии до Средно Водно продолжуваат со вообичаена работа

Град Скопје информира дека од утре, петок (15.07.2022 година) Жичарницата и трите автобуски линии до Средно Водно ќе продолжат со вообичаена работа.

dobivaj vesti na viber

Согласно Одлуката за работно време за Жичарницата, таа работи секој ден, освен понеделник и секој последен вторник во месецот, од 10 до 20 часот, при што во период од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу.

Потсетуваме дека до Средно Водно сообраќаат три линии:

– 25 (Транспортен центар – Средно Водно), сообраќа секој ден освен понеделник

– 25А (Автомакедонија – Средно Водно), сообраќа само за викенд и држ.празник

– 25Б (Дом на печат – Средно Водно), сообраќа само за викенд и држ.празник

Превозот со сите три линии за време на викенд и држ.празник се бесплатни за сите категории патници/граѓани.

Можете да прочитате

Лауреат на 11.ИФФ Киненова е добитникот на Сребрената мечка -награда на Големото жири во Берлин, Емин Алпер

Пет активни пожари на отворен простор, шест ставени под контрола

Приведени пет лица во Галичник, при претрес во шаторите каде престојувале пронајдена марихуана, кокаин, таблети