Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Народот кажува НЕ за бугаризација, ВМРО-ДПМНЕ е брана за промена на Уставот и спречува асимилација на народот

Народот кажува НЕ за бугаризација, ВМРО-ДПМНЕ е брана за промена на Уставот и спречува асимилација на народот. Ковачевски низ собрание турка известување. Тоа што денес ги тера да гласаат пратениците од СДСМ е обична информација. СДСМ нема мнозинство да го промени Уставот и да ја бугаризира државата, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ е пречка за промена на Уставот и нема да поддржи ништо што е на штета на Македонските национални интереси.

Ковачевски со гласањето денес, само потврдува дека е спремен на се, само за гола власт, па дури и да ја понижи сопствената држава и да ги загрози нејзините позиции.

Затоа да излеземе денес во 12 часот пред Собрание и да кажеме УЛТИМАТУМ – НЕ, БЛАГОДАРАМ, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Алиу: Успешно реализирани 16 трансплантации на рожница во соработка со тим експерти од САД

Тошковски до младите: „Животот нема рестарт – оружјето не е игра” – национална кампања против злоупотреба на мало и лесно оружје

За 24 часа уапсени пет лица за семејно насилство