Утрински Весник
Македонија

Во Словенија уапсен еден од Хрватите кои соработувале со Мухамед Зеќири

Во екстрадиционен притвор се наоѓа Хрватот Данијел Иванагиќ кој се бараше со меѓународна потерница, а е осомничен во истиот случај каде е и ексгенералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири. Иванагиќ, управител на консултантското друштво „Интерхолдинг“ од кое според Обвинителството, Зеќири нарачал физибилити-студија, е упасен во Словенија. Според информациите, тој бил задржан на граничен премин, кога се обидел од Хрватска да влезе во Словенија.

dobivaj vesti na viber

За Иванагиќ беше распишана меѓународна потерница, што и натаму е активна за Денис Фудуриќ, основач на фирмата каде Обвинителството тврди дека Зеќири исплатил пари, без да ја избере на тендер.

Судија на претходна постапка, по барање на обвинителката Катерина Коларевиќ, одреди притвор за Иванагиќ пред три месеци, кое треба да биде спроведено по неговото пронаоѓање.

Истрагата против Зеќири, уапсениот Иванагиќ и Фудуриќ по кој се трага, е во тек. Првоосомничен е ексгенералниот секретар, а хрватските државјани се осомничени за помагање при извршување на злоупотребата на службената положба и овластување.

„ Со преземените дејствија осомничените за правното лице прибавиле значителна противправна имотна корист во вкупна вредност од 57.932.100,00 денари, а на штета на Буџетот на Р.Северна Македонија. Износ што бил поголем од 795.000 евра, односно од договорениот износ за вршење на консултантските услуги“, пишуваше во соопштението на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција.

Можете да прочитате

9.000 тони македонска пченица ќе се откупат за потребите на стоковите државни резерви, вели ВМРО-ДПМНЕ

М-НАВ без бекап-систем истиот ако откаже, небото над Македонија ќе се затвори вели Тасевски

Зголемен сообраќај на граничните премини – на Табановце се чека до 45 минути