Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Не за бугаризација, Ковачевски да го отфрли предлогот.

Од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ порачаа Не за бугаризација, а од премиерот Димитар Ковачевски побараа да го отфрли францускиот предлог.

dobivaj vesti na viber

„ Народот масовно секој ден излегува на протести против предлогот, предлогот на Ковачевски кој значи бугаризација и асимилација на нацијата. Ковачевски ги турка пратениците да гласаат информација и да ја сподели одговорноста со нив.

Залудни се сите маневри на Ковачевски. Уставот е заштитен од ВМРО-ДПМНЕ. Ковачевски нема 2/3 мнозинство. Ковачевски може да излезе од овој срам, доволно е да го отфрли предлогот и да не ги руши и понатаму позициите на Македонија.

Затоа излегуваме и вечерва на протест. Во 19 часот пред влада, и продолжуваме кон Собрание преку зградата на МНР. УЛТИМАТУМ, НЕ – БЛАГОДАРАМ“ порачаа од партијата.

Можете да прочитате

Битиќи: Срам за владата, работниците и пензионери не се виновни за поскапувањата

Пожари ги зафатија Кефалонија, Воника и Закинтос

Али Ахмети: Албанците се за унитарна, заедничка и еднаква Македонија