Утрински Весник
Македонија

Загина пешак од Скопје откако во него удрило возило во близина на Катланово

75-годишен скопјанец почина откако во него удрил автомобил во близина на Катланово, соопшти полицијата.

dobivaj vesti na viber

Имено, вчера во 10.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Велес, во близина на Катланово, патничко возило „фолксваген поло“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Н.(35) од Скопје, удрило во пешакот Н.С.(75) од Скопје.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што околу 12.50 часот им подлегнал на повредите.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Можете да прочитате

Магла и слаби врнежи од снег кај Плетвар

Филипче: Мора да има контрола на податоците од „Сејф сити”

УЈП: Нулта толеранција за корупција, презумција на невиност за сите постапки