Утрински Весник
Магазин

Таика Вaитити ќе го режира „Тор 5“ само доколку во него глуми Крис Хемсворт

Режисерот Таика Ваитити доби позитивни рецензии за Thor: Ragnarok, но новото продолжение Thor: Love and Thunder („Тор: Љубов и молња“) има потешкотии да ја пронајде вистинската основа.

dobivaj vesti na viber

Филмот моментално има просечни 67 проценти на веб-страницата „Ротен Томатос“, агрегатор на рецензии (позитивни и негативни), и се чини дека создаде раздор меѓу фановите, иако се уште постои шанса за откуп за спас на серијалот.

Во интервју за „Инсајдер“, режисерот откри дека ќе се врати да го режира „Тор 5“, односно неговиот трет филм за Тор, но само под услов во него да е вклучен и главниот протагонист Крис Хемсворт.

„Секако дека ќе се врати. Тој е најдобриот лик. Мислам, можеби сум малку пристрасен, но тој е најзабавен за гледање.“

Можете да прочитате

ГЛОБАЛЕН ИСЧЕКОР ЗА МАКЕДОНСКАТА МУЗИКА: Раперот Кацар со своја песна во финалната епизода од холивудската серија „M.I.A.“

Кинопремиери на српскиот документарец „Југото оди во Америка“

Во Кина изграден лифт на отворено, висок 288 метри, што ќе им помогне на децата побрзо да стигнат на училиште