Утрински Весник
Македонија

Пронајдени се стебла со канабис во неготинско

МВР информира дека на 12.07.2022 во 15.00 часот, полициски службеници од СВР Велес – Полициска станица Неготино го лишиле од слобода Р.А.(44) од с. Пепелиште, неготинско.

dobivaj vesti na viber

При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени 19 стебла од растението канабис со висина од 1,5 до 2 метри, една вреќа со лисја од канабис сатива и едно ќесе со лисја од канабис сатива.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Можете да прочитате

Со „ролс-ројс“ возел 194 км/ч на ограничување од 80 – уапсен гостиварец

Дванаесетчасовна акција во штипско: Запленети дрва, одземени „форд“ и „мицубиши“

Дронови го исцртаа ликот на Делчев на небото за 23 Октомври