Утрински Весник
Култура

Премиера на филмот “Синиот час”

Утре вечер во 21 часот во МКЦ парк кино, во рамките на Фестивалот на европски филм “Cinedays”, ќе се одржи премиера на краткометражниот игран филм “Синиот час” по сценарио и во режија на Ана Јакимска.

dobivaj vesti na viber

“Синиот час” е копродукција на Кавал филм од Скопје со Круг филм и ФилмсЗаНас. Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм.

“Синиот час” е приказна за Петра, девојка со потекло од мало провинциско гратче, која живее и работи во Скопје каде успеала да се избори за своето место, да се
интегрира во урбаната средина и да се реализира на професионален план. Во обид да ги оствари своите соништа за иднината и на љубовен план, за време на
предновогодишната забава организирана од компанијата во која работи, таа се впушта во романтична авантура со колегата кој ѝ се допаѓа. Но, во исто време во посета ѝ доаѓа нејзината мајка. Ова совпаѓање на настаните го става на тест односот помеѓу мајката и ќерката. Преку нивниот однос и внатрешните превирања на Петра, филмот го отсликува и судирот помеѓу два различни концепта на живеење, модерните текови на животот во Скопје, како главен град во подем, и конзервативните убедувања на луѓето доселени од внатрешноста на земјата во транзициските 90-ти години од минатиот век.

Улогите во филмот ги толкуваат: Наташа Петровиќ, Жаклина Стевковска, Дарко Набаков и Тамара Ристоска.
Директор на фотографија е Дејан Димески, сценограф – Симо Бранов, монтажер – Горјан Атанасов, дизајнер на звук – Игор Поповски, композитор – Тони Китановски,
костимограф – Жаклина Крстевска и шминкер – Жанета Димитриевска. Продуцент на филмот е Роберт Јазаџиски.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“