Утрински Весник
Македонија

(Видео) Кузеска: Мицкоски го руши македонскиот јазик, срамно тврди дека е кодификуван 1977 година

„Кристијан Мицкоски оди по странски телевизии и го руши македонскиот јазик, со срамни тврдења дека нашиот македонски јазик бил кодификуван во 1977 година. Македонскиот народен јазик постоел, постои и ќе постои се додека има Македонци кои го говорат својот мајчин јазик. Но, срамота е за Мицкоски, срамота е за еден македонски политичар да не знае кога е кодификуван неговиот јазик“ соопшти денеска на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

dobivaj vesti na viber

Таа рече дека „Мицкоски на српска телевизија, пред српската јавност, тврдеше дека македонскиот јазик бил кодификуван дури во 1977 година. Дали е ова незнаење или намерен обид да се загрози македонскиот јазик, тоа треба да каже самиот Мицкоски. Но, секој ученик по македонски јазик и секој македонски граѓанин знае дека Кодификацијата на Македонскиот јазик е поврзана со следниве историски настани:
Прво, со Решението на Првото заседание на АСНОМ (2 август 1944) за воведување на македонскиот како службен јазик во македонската држава;
Второ, со Решението на Президиумот на АСНОМ од мај 5 мај 1945 година за македонската азбука;
И трето, со официјалното усвојување на македонскиот правопис – 7 јуни 1945 година“ вели Кузеска.

„При вакви историски факти, да се тврди дека македонскиот јазик е кодификуван дури во 1977 година е нанесување директна штета на македонските национални интереси“ смета Кузеска.

Можете да прочитате

Родители на загинатите во Кочани: „Мицкоски ни рече да си ставиме цена на децата!“

(Фото) Камион вечерва гори на автопатот Скопје – Тетово

(Фото) Камион вечерва гори на автопатот Скопје – Тетово