Грчките медиуми објавија видео од спасувањето на второто момче од Македонија кое вчера исчезна во морето на Халкидики.
Тој беше утрово спасен, откако по повеќе часа поминати во морето бил забележан од брод кој пловел под знамето на Гибралтар и е во добра здравствена состојба.
Продолжува потрагата по третиот исчезнат човек.
Тројца Македонци вчера поладне славејќи роденден влегле во морето, но биле понесени од морските струи. Веднаш била алармирана крајбрежната стража и почна потрагата по нив. Едното момче на возраст од 25 години по два часа беше пронајдено вчера.
Во потрагата на двете момчиња денеска беа вклучени и нивните роднини.