Утрински Весник
Македонија

Полицијата повика на разговор две лица од Тетово поради закани на интернет

Вчера по преземени мерки и активности на СВР Тетово во содејство со Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика на МВР, во Полициска станица Тетово се повикани Џ.Л.(40) од Тетово и Д.Р.(37), од тетовско село, поради сомнение дека се автори на коментари со заканувачка содржина со кои се промовираат или поттикнуваат омраза и насилство, напишани на објави од интернет портали.

dobivaj vesti na viber

Извршен е службен разговар со двајцата, при што Д.Р. го признал делото, велат од МВР.

По документирање на случајот против двете лица ќе следуваат соодветни поднесоци.

Можете да прочитате

Полициска акција во Скопје – пронајдени пет килограми марихуана кај татко и син

Скопјанка се обидела да избега од Црна Гора откако усмртила куче, уапсена на граница

Претседателот на опозициската турска партија му честиташе на Зејнула за министерската функција