Утрински Весник
Македонија

Вечерва нов протест пред Владата

Протесетот „Ултиматум – НЕ благодарам“ ќе продолжи вечерва во 19 часот од Владата, преку министерството за правда, па се’ до Собранието.

dobivaj vesti na viber

Oрганизаторите го повикуваат секое семејство на својот балкон или прозорец да го развиори македонското знаме.

„Денес продолжуваме со протестен марш. Во 19 часот пред Влада, преку министерство за правда каде ќе порачаме дека Уставот не е тоалетна хартија, па се до Собранието. Масовно, мирно и достоинствено да протестираме, народот да е последната брана против нечесната игра која ќе направи насилна бугаризација на народот и Македонија. Да кажеме НЕ на Ултиматумот“, се наведува во информацијата за протестот.

Можете да прочитате

Пијан и без возачка направил сообраќајка па нападнал полицајци

Турски државјанин пронајден починат во хотел во Скопје

ВЛЕН: ДУИ со нова лага и нов театар, кога немаат одговор за сопствениот имот и афери, измислуваат конструкции