Утрински Весник
Магазин

Копола се прости од Кан: Засекогаш ќе биде мој пријател

Режисерот на „Кум“, Френсис Форд Копола, и актерската екипа се сеќаваат на „добриот, љубезен и надарен Џејмс Кан“ по неговата смрт.

dobivaj vesti na viber

Кан, најпознат како Сони Корлеоне во „Кум“ во кој глумеше заедно со Марлон Брандо, Ал Пачино, Роберт де Ниро и Дајан Китон, почина во средата вечерта на 82-годишна возраст.

Копола, режисерот на култната крими-драма, кој претходно работеше со него на филмот The Rain People, се прости од својот колега.

„Џими беше присутен во мојот живот многу подолго и поблиску од која било филмска фигура што некогаш сум ја познавал. Почнувајќи од соработката во The Rain People и низ сите пресвртници во мојот живот, филмовите на Џејмс и улогите што ги глумеше, тоа е тоа што никогаш нема да биде заборавено.“

„Ќе го паметам како мој стар пријател, мој соработник и еден од најдуховитите луѓе што некогаш сум ги познавал,“ изјави Копола, пренесува „Дедлајн“.

Ал Пачино, кој го глумеше Мајкл Корлеоне во класикот, рече дека Кан е негов „измислен брат и доживотен пријател“.

 

„Тешко е да се поверува дека повеќе го нема бидејќи беше толку жив и смел. Одличен актер, брилијантен режисер и мој драг пријател. Ќе ми недостига.”

Покрај улогата во „Кум“, Кан се прослави и во некои од најважните филмови од 70-тите и 80-тите години.

Можете да прочитате

Весна Писаровиќ конечно доаѓа во Скопје – концерт што ќе ја врати магијата на 2000-тите!

Објавени првите пет минути од новата сезона на Stranger Things

Откритие во Перу: Цртежи на храм-пирамида ја раскажуваат приказната за егзодусот на најстарата американска цивилизација