Утрински Весник
Магазин

Копола се прости од Кан: Засекогаш ќе биде мој пријател

Режисерот на „Кум“, Френсис Форд Копола, и актерската екипа се сеќаваат на „добриот, љубезен и надарен Џејмс Кан“ по неговата смрт.

dobivaj vesti na viber

Кан, најпознат како Сони Корлеоне во „Кум“ во кој глумеше заедно со Марлон Брандо, Ал Пачино, Роберт де Ниро и Дајан Китон, почина во средата вечерта на 82-годишна возраст.

Копола, режисерот на култната крими-драма, кој претходно работеше со него на филмот The Rain People, се прости од својот колега.

„Џими беше присутен во мојот живот многу подолго и поблиску од која било филмска фигура што некогаш сум ја познавал. Почнувајќи од соработката во The Rain People и низ сите пресвртници во мојот живот, филмовите на Џејмс и улогите што ги глумеше, тоа е тоа што никогаш нема да биде заборавено.“

„Ќе го паметам како мој стар пријател, мој соработник и еден од најдуховитите луѓе што некогаш сум ги познавал,“ изјави Копола, пренесува „Дедлајн“.

Ал Пачино, кој го глумеше Мајкл Корлеоне во класикот, рече дека Кан е негов „измислен брат и доживотен пријател“.

 

„Тешко е да се поверува дека повеќе го нема бидејќи беше толку жив и смел. Одличен актер, брилијантен режисер и мој драг пријател. Ќе ми недостига.”

Покрај улогата во „Кум“, Кан се прослави и во некои од најважните филмови од 70-тите и 80-тите години.

Можете да прочитате

Пријавете се на првиот натпревар во рачно косење трева во Делчево

Родната куќа на Хитлер во Австрија се претвора во полициска станица

Кога навистина снимаат камерите доколку ја надминеме дозволената брзина