Утрински Весник
Свет

Блинкен му се обрати на Лавров: Ослободете ги пристаништата и извозот на жито

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен директно ѝ се обрати на Русија денеска на состанокот на министрите за надворешни работи на Г-20 на Бали и ја повика Москва да го деблокира извозот на украинското жито, изјави неименуван западен претставник.

dobivaj vesti na viber

Тој директно ѝ се обрати на Русија, велејќи: „ На нашите руски колеги: Украина не е ваша земја. Нејзиното зрно не е ваше зрно. Зошто ги блокирате пристаништата? Треба да го ослободите житото“, рекол Блинкен.

На Бали, Индонезија, денеска почна состанок на министрите на 19-те најразвиени земји во светот, заедно со Европската Унија, на кој меѓу другите учествуваат Блинкен и Лавров.

Можете да прочитате

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва

Бројот на издадени рецепти во САД за слабеење за деца зголемен за 300 пати во споредба со 2019 година

Бесент ги идентификуваше украинските напади врз Русија како една од причините за глобалните енергетски шокови