Утрински Весник
Свет

Австралија го укина законот за задолжителна вакцинација против ковид

Австрискиот парламент едногласно ја усвои одлуката за укинување на Законот за задолжителна вакцинација против коронавирусот.

dobivaj vesti na viber

Пратеникот на владејачката Австриска народна партија (ОВП) Јозеф Смоле изјави дека сојот омикрон е помалку опасен.

Партијата на слободата на Австрија (ФПО), која од почетокот беше против задолжителната вакцинација, им се заблагодари на демонстрантите против вакцинацијата кои придонесоа за овој чекор.

Законот за задолжителна вакцинација стапи на сила на почетокот на февруари, но набрзо беше привремено суспендиран.

Обврската за вакцинација важеше за лицата над 18 години, а беа предвидени санкции во износ од 600 до 3.600 евра.

Ниту најавата за воведување на Законот за задолжителна вакцинација не ја зголеми стапката на вакцинација, а кога Владата одлучи привремено да го суспендира, имунизацијата речиси целосно престана.

Особено кога сојот омикрон стана доминантен и кога беа укинати епидемиолошките мерки, интересот за вакцината целосно падна, а Законот ја загуби смислата.

Можете да прочитате

Бројот на издадени рецепти во САД за слабеење за деца зголемен за 300 пати во споредба со 2019 година

Бесент ги идентификуваше украинските напади врз Русија како една од причините за глобалните енергетски шокови

Над илјада заразени во Европа од западнонилска треска