Утрински Весник
Спорт

Џоу ќе вози во Австрија

Гуању Џоу ги помина сите лекарски прегледи и викендов ќе ја вози трката за Големата награда на Австрија.

dobivaj vesti na viber

Кинезот зад воланот на Алфа Ромео имаше страшна несреќа на минатонеделната трка во Силверстон, но, за среќа, излезе неповреден од автомобилот, кој неколкупати се преврте.

Според неговите зборови, ореолот што го имаат сите болиди му го спасил животот.

Џоу има освоено пет бода во сезоната и се наоѓа на 16. место во поредокот кај возачите.

Трката за Големата награда на Австрија се вози на патеката Ред Бул ринг во Спилберг.

 

Можете да прочитате

Инфантино повторно ќе се кандидира за претседател на ФИФА

Скопје и Башкими попладнево го играат единствениот натпревар

Норис: Можам да добијам што сакам од Мекларен, но немам намера да го злоупотребувам моето влијание