Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Да победи здравиот разум и да не се повтори никогаш веќе 27 април

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски утрово ги посети повредените полицајци, кои беа повредени за време на вчерашниот јавен собир пред Владата, МНР и пред Собранието.

dobivaj vesti na viber

Спасовски го осуди насилството врз полициските службеници, кои, како што рече, ја одржуваат безбедноста.

„ Повредени се 47 полициски службеници, од кои 11 со потешки, а двајца со сериозни повреди. На сите повредени полициски службеници им е укажана лекарска помош, а потешко повредените се пренесени во медицинските установи за санирање на повредите и медицинска нега. Во врска со немирите кои ескалираа пред објектот на Собранието, нема ниту еден повреден граѓанин, од страна на полициските службеници приведени се 11 лица, а за време на протестите од страна на полицијата не беа употребени ни пиротехнички, ниту хемиски средства за разбивање на толпата“ изјави Спасовски.

Тој апелираше до граѓаните да не потпаѓаат под никакви провокации, чија намена, како што нагласи, очигледно е нечесна и исклучиво водена од мотивите за остварување на политичка агенда.

„ Организаторите на протестите и граѓаните ги повикувам да покажат демократски капацитет, да победи здравиот разум, и да не се повтори никогаш веќе 27 април! Во Република Северна Македонија нема место и нема оправдување за насилство! Дијалогот треба да се води во институциите на системот, а македонската полиција е токму гарантот за безбедноста на државата и нејзините граѓани.“ порача Спасовски.

Можете да прочитате

Под контрола два пожари на отворен простор

Околу 30 илјади патници минале на ГП „Ќафасан“ во последните три дена

Апасиев во Крушево: Борбата е вечна, победата неизбежна