Утрински Весник
Спорт

„Интернационално познат“ фудбалер од Премиерлигата уапсен за силување!

„Интеернационално познат“ фудбалер од Премиерлигата е уапсен во северен Лондон за силување, тврди британскиот весник „Телеграф“. Според нивните извори фудбалерот, за кого се објавува дека е во своите доцни 20-ти години, е испрашуван за напад кој се случил минатиот месец.

„На 4 јули, обвинение за силување од една жена беше известено до полицијата. Обвинетиот е во притвор, а истрагата продолжува“, потврдија од Скотланд Јард за „Телеграф“.

„Телеграф“ побарале коментар од клубот на фудбалерот, но тие засега немаат коментар. Според нивните извори, фудбалерот требал да ја претставува својата земја на Светското првенство во Катар.

Можете да прочитате

Инфантино повторно ќе се кандидира за претседател на ФИФА

Скопје и Башкими попладнево го играат единствениот натпревар

Норис: Можам да добијам што сакам од Мекларен, но немам намера да го злоупотребувам моето влијание