Утрински Весник
Македонија

Лидерите на ДОМ, Демократскиот сојуз и ЛДП со резерва за францускиот предлог на средбата со Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов и претседателот на Либерално-демократската партија Горан Милевски, партии кои се дел од владината коалиција.

Како што информираат од кабинетот на Пендаровски, на средбата се разговарало за актуелните политички случувања во земјата и за модифицираниот предлог на француското претседателство со ЕУ за почеток на пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија.

„Лидерите на трите партии ги образложија партиските согледувања за францускиот предлог, и ги истакнаа нивните загрижености во однос на истиот“, се наведува во кусото соопштение на кабинетот на Пендаровски по средбата.

Претходно, пратеничката од ДОМ Маја Морачанин за РСЕ изјави дека синоќа дел од коалиционите партнери имале средба со премиерот Ковачевски и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ. На средбата, вели Морачанин се согласиле „ревидираниот француски предлог“ да се разгледува на пленарна седница, на која ќе се гласа и за заклучоци.

Морачанин, лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов и претседателот на ЛСП, Милевски, претходно се изјаснија против францускиот предлог, коментирајќи дека билатералните прашања не треба бидат дел од преговарачката рамка.

Можете да прочитате

Ковачевски: Со ВМРО ДПМНЕ повторно ќе заглавиме во изолација

ДКСК препорача АСЈО да ја стави во мирување постапката за прием на 130 слушатели

Маричиќ: Важна промена, државните енергетски компании ќе станат сопственост на граѓаните