Утрински Весник
Спорт

Дембеле останува во Барселона

Францускиот интернационалец Oсман Дембеле останува во Барселона, тврди каталонскиот „Спорт“. Крилниот напаѓач ја прифатил понудата на клубот за нов договор, иако таа не ги задоволува неговите финансиски барања.

Разделбата меѓу Дембеле и Барселона изгледаше неизбежна, но последните преговори доведоа до пресврт и постигнат е договор за продолжување на соработката.

Французинот ќе зема 40% помала плата од досегашната, а тој финансиски ќе биде рангиран приближно како Ансу Фати.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина