Утрински Весник
Свет

Лукашенко: Украина истрела проектили кон Белорусија, сакаат да провоцираат

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека Украина пред три дена се обидела да нападне воени објекти на белоруска територија, но дека тие ги пресретнале сите проектили, пренесува државната новинска агенција „Белта“.

Лукашенко, кој не дал докази за тврдењето, рекол дека Белорусија не сака војна со Украина, но дека ќе се бори доколку нејзината територија биде нападната.

„Не провоцираат. Морам да ви кажам дека пред три дена, можеби и ден повеќе, од територијата на Украина имаше обид за напад врз воени објекти на територијата на Белорусија“, ја пренесе агенцијата „Белта„ изјавата на Лукашенко.

„Но, фала му на Бога, противвоздушните системи Панцир успеаја да ги пресретнат сите проектили истрелани од украинските вооружени сили“, додал тој.

Лукашенко кажал дека белоруските трупи не учествуваат во она што Москва го нарекува „специјална воена операција“ во Украина.

Можете да прочитате

Британија лансираше монети во чест на бендот „Ајрон Мејден“

Трамп: Царините ќе важат од 1 август, продолжување нема

Макрон: Европа никогаш нема да ја напушти Украина