Утрински Весник
Свет

Лукашенко: Украина истрела проектили кон Белорусија, сакаат да провоцираат

Ss2

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека Украина пред три дена се обидела да нападне воени објекти на белоруска територија, но дека тие ги пресретнале сите проектили, пренесува државната новинска агенција „Белта“.

Лукашенко, кој не дал докази за тврдењето, рекол дека Белорусија не сака војна со Украина, но дека ќе се бори доколку нејзината територија биде нападната.

Ss1

„Не провоцираат. Морам да ви кажам дека пред три дена, можеби и ден повеќе, од територијата на Украина имаше обид за напад врз воени објекти на територијата на Белорусија“, ја пренесе агенцијата „Белта„ изјавата на Лукашенко.

„Но, фала му на Бога, противвоздушните системи Панцир успеаја да ги пресретнат сите проектили истрелани од украинските вооружени сили“, додал тој.

Лукашенко кажал дека белоруските трупи не учествуваат во она што Москва го нарекува „специјална воена операција“ во Украина.

Ss1

Можете да прочитате

Кина ќе биде домаќин на разговорите меѓу Хамас и Фатах за единството на Палестинците

Шпанските власти запленија 25 тони хашиш скриен во камион со дињи

Едно од секои пет тестирани пакувања на пастеризирано млеко во САД содржи птичји грип