Утрински Весник
Спорт

ФИБА случајно го откри името на новиот клуб на Џанан Муса

Ss2

На официјалниот сајт на Светската кошаркарска федерација (ФИБА), покрај името на кошаркарот Џанан Муса, стои дека негов сегашен клуб е Реал Мадрид. Тоа е само уште една потврда тој постигнал договор со „кралскиот клуб“.

Медиумите во Шпанија претходно пишуваа дека Реал ја доби трката со Валенсија за потписот на Муса.

Ss1

Тој беше избран за најкорисен играч (МВП) на шпанската Ендеса лига минатата сезона како играч на Бреоган.

Репрезентативецот на БиХ ја заврши сезоната во дресот на Бреоган со највисок индекс на корисност (23,1) и просек од 20,1 поен, најдобар во целата лига.

Муса имаше и 5,1 скока, 3,1 асистенции и 1,1 украдена топка по натпревар.

Покрај тоа, тој е на врвот на листата на Ендеса лигата и по бројот на претрпени прекршоци (6,5) и изведени слободни фрлања (6,0) по натпревар.

> ФИБА случајно го откри името на новиот клуб на Џанан Муса <

Ss1

Можете да прочитате

Македонија се собра за бараж-двомечот со Фарски Острови

Работнички израмни во полуфиналната серија со Пелистер

УЕФА прифати зголемување на бројот на фудбалери кои репрезентациите ќе ги имаат на располагање за ЕП-2024