Утрински Весник
Македонија

Со пиштол се обиделе да ограбат скопјанка во нејзиниот стан

Две лица со употреба на физичка сила и пиштол се обиделе да украдат предмети од стан на 25-годишна скопјанка, информира полицијата.

Имено денеска во раните утрински часови во 01.25 часот во СВР Скопје, Т.Г.(25) од Скопје пријавила дека на 01.07.2022 околу 22.00 часот две лица со употреба на физичка сила и закана со пиштол се обиделе да одземат предмети од нејзиниот стан, но не успеале.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија надлежните.

Можете да прочитате

Криминална мрежа во ФФМ: Истрага за проневера од речиси 3 милиони евра, приведени 12 лица

Социјалните мрежи ги победија традиционалните медиуми како главен извор на вести

Ордановски: Наместо да избираме власт, на избори само казнуваме!