Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: Се појавија многу лаги и шпекулации врзани со францускиот предлог

Ковачевски најави лидерска средба, по што на веб страницата ќе биде објавен францускиот предлог

Се појавија многу лаги и шпекулации врзани со францускиот предлог, напиша на Фејсбук премиерот Димитар Коавечвски.

„Сакам да бидам кристално јасен: македонскиот јазик е апсолутно чист и еднаков со сите други јазици во Европа со овој предлог. Македонскиот јазик ќе биде официјален јазик на Европската Унија. Нема никакви фусноти и дополнувања, тоа се лаги“, појаснува Ковачевски во напишаното.

Нашата стратегија и план даде резултат, додава премиерот и имаме како што вели нов предлог кој ги штити нашите стратешки и национални интереси.

„И во предлогот и во преговорите, нема да дозволиме тие да бидат загрозени“, прецизира Ковачевски.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на турската Црвена полумесечина

Марш, „Непокор.Борба.Иднина„ на СДСМ во Прилеп – 85 години антифашизам

Церемонија на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет пред најмлади посетители